Oпштина Штип го реши инфраструктурниот проблем на Петар Милев

Oпштина Штип го реши инфраструктурниот проблем на Петар Милев

Штип, 29 aвгуст 2018 (МИА) - Екипите на ЈП „Стипион“-Штип денеска го рамнеа и тампонираа просторот од улицата до влезот во домот на штипјанецот Петар Милев, кој боледува од ретка болест хемофилија и се движи со помош на помагала и инвалидска количка. 

Тој на социјалните мрежи побара oпштина Штип да помогне да се реши неговиот проблем со пристапот до неговиот дом. 

- Секое утро излегувам со количката и ми треба тој простор за да можам да се движам од улицата до домот. Малку е незгоден теренот, имаше од порано бетон, но тој е одамна и беше многу дотраен. Се надевам дека сега пристапот ќе се направи убаво, како што ми е потребно, вели Милев.

Надлежните од Општина Штип велат дека кога го виделе барањето на Милев веднаш излегле на терен за да го решат неговиот инфраструктурен проблем. Забележуваат дека и во иднина ќе излегуваат во пресрет на вакви реални барања доставени од страна на граѓаните, со цел да имаат полесен пристап до улиците и тротоарните површини. вдј/рп/15:36

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ