• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Сликовници, книги, боенки за Центарот за психо-социјална поддршка на децата болни од рак

Сликовници, книги, боенки за Центарот за психо-социјална поддршка на децата болни од рак

Скопје, 30 август 2018 (МИА) - Со повеќе од 370 сликовници, книги за деца, боенки, дидактички помагала, едукативни и училишни материјали, како и списанијата за ученици „Мини Либи“ и „Либи“ на македонски и на албански јазик, е опремен Дневниот центар „Собата на Жозеф“ за психо-социјална поддршка на децата заболени од малигни болести, кој денеска беше отворен на Универзитетската клиника за детски болести.

Со оваа библиотека децата ќе добијат свое книжевно катче во рамките на Дневниот центар, каде што ќе читаат, пишуваат, бојат. Ќе имаат разни активности и игри со едукативните и дидактичките материјали, помогнати од волонтерите и наставниците. Целта е тие да им помогнат на децата во учењето и да им влеат надеж дека ќе оздрават и еден ден ќе се вратат во училишните клупи.

Овие изданијата во Дневниот центар се донација од издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“. рп/сд/14:00

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ