Одбележани 77 години од смртта на поетот Коле Неделковски

Одбележани 77 години од смртта на поетот Коле Неделковски

Велес, 3 септември 2018 (МИА) - Во Велес денеска се одбележаа 77 години од смртта на поетот Коле Неделковски. По тој повод ССОУ “Коле Неделковски“ го одбележа својот патрон, а беше враќена и наградата за животно дело „Коле Неделковски“ на поетесата Македонска Јанчевска која ја доделува Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес.

Македонка Јанчевска примајќи ја наградата истакна дека и е драго што ја прима наградата со името на Коле Неделковски.Таа посочи дека цел живот творештвото им го посветува на децата кои се нашата иднина, а нејзина водилка

Таа во својот опус има 13 книги со поезија за деца, а со свои песни е застапена во многу учебници по македонски јазик за основците. Јанчевска е член на Друштвото на писателите на Македонија, и е  основач и долги години  и претседател  на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“.

Нада Алексоска од Клубот на писатели врачувајчи и ја наградата истакна дека Македонка Јанчевска е заслужна за основање и подемот на клубот кој е многу значаен во културното живеење на Велес и пошироко. За Јанчевска истакна дека ја задолжила велешката и македонската култура со својот богат и плоден творечки опус

Одбележувањето на смртта на поетот Коле Неделковски по традиција се одржа и во родната куќа на Коле Неделковски во велешкото село Војница, каде се обрати проф др Васил Тоциновски.

Тој потсети дека Коле Неделковски  е една од значајните личности поети во создавањето на современата македонска литература заедно со Коста Солев Рацин, Венко Марковски, Ацо Караманов, и Мите Богоевски.ад/скс/15:36

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ