• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Во десет градови се спроведува акцијата „Нахрани 10.000“

Во десет градови се спроведува акцијата „Нахрани 10.000“

Куманово, 6 септември 2018 (МИА) - Акцијата „Нахрани 10.000“, во организација на мрежата „Сите сити“, која е дел од граѓанската инцијатива „Мрдни со прст“, денеска се спроведува во 10 градови во земјата. 

Во Куманово, на акцијата се приклучија и Општинската организација на Црвениот крст на Македонија од Куманово и здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“.

Претседателката на „Инклузива“ Благица Димитрова информираше дека таква хуманитарна акција ќе се спроведува секој месец. 

-  Акцијата е со цел преку донации од компании и од граѓани да се собере нерасиплива и конзервирана храна која ќе биде дистрибуирана до нашите социјално загрозени сограѓани. Апелираме што поголем број компании и граѓани да донираат денеска. Пунктовите ќе бидат отворени до 19 часот, изјави Димитровска. 

Места на кои се спроведува акцијата: Сити Мол Скопје, Трговски центар Зебра - Капиштец, Гиго маркет – Радишани, Веро Џамбо - Скопје, Гиго маркет Драчево, Тинекс на бул. Борис Трајковски (Првомајска), Народна кујна при црквата Свети Петар и Павле, Тинекс Ѓорче Петров, Кит-Го маркет Автокоманда, С-маркет во Ченто (Синѓелич), во близина на Капитол мол (Аеродром), Тинекс пред Драмскиот театар во Скопје, Тинекс на ул. Асном б.б. Во Битола, Тинекс на ул. Захарија Шумљанска 5 (Прилепска) во Битола, Кам маркет 1 (на ул. Васко Карангелески б.б.) во Битола, Кам маркет 1 (на ул. Васко Карангелески б.б.) во Битола, Кам маркет 2 (на ул. Коле Неделковски б.б.) во Битола, Веро Горно во Битола, Пред Беком Јавор во Битола, Тинекс (центар) во Куманово, пред Елида маркет (кај Стопанска банка) Куманово, на плоштадот во Прилеп, кај споменикот на Марко Цепенков во Прилеп, Пред Тинекс маркет во Кочани, пред автобуската станица во Кочани, Маркет Здравец (до главната пошта во Струмица), кај техничкото училиште-Никола Карев (Струмица), на плоштадот Гоце Делчев во Струмица, плоштадот во Радовиш, пред ЕТЦ маркет во Гостивар, пред Монтенегро мегамаркет, во центарот на градот во Гевгелија, Централ Макпрогрес (кај стариот плоштад) во Виница  и пред Жито Маркет во Виница.

Целта е да се подигне свеста на граѓаните за проблемот со недостаток на храна со кој се соочуваат многу граѓани во нашата земја, како и да се креира можност редовно да се донира храна до нашите сограѓани преку собирање еднаш месечно на 10 тони храна која ќе заврши во рацете на оние на кои им е најпотребна. см/сд/13:52

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...

Јакната на Хан Соло на аукција, се очекуваат 1,3 милион долари

Јакната што Харисон Форд ја носеше глумејќи го лик...