• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

„Арс Ламина“ и „Литература.мк“ донираат училишна опрема во рамки на акцијата „Среќна школска година“ на „Проект среќа“

„Арс Ламина“ и „Литература.мк“ донираат училишна опрема во рамки на акцијата „Среќна школска година“ на „Проект среќа“

Скопје, 7 септември 2018 (МИА) - Издавачката куќа „Арс Ламина“, во соработка со книжарницата „Литература.мк“, донираат училишна опрема за деца во социјален ризик, во рамки на добротворната акција „Среќна школска година“ на Здружението за хумано-општествен развој „Проект Среќа“.

Донацијата содржи повеќе од 850 парчиња: едукативни помагала и училишни материјали, како и списанијата за ученици „Мини Либи“ и „Либи“.

Донаторските пакети беа врачени вчера, а ќе се доделуваат и денеска пред кугланата во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Меѓу другото, за децата се наменети: тетратки, блокчиња, постери за во училница, геометриски блокчиња, нотни тетратки и примероци од списанијата „Мини Либи“ и „Либи“ во вкупна вредност од повеќе од 64.600 денари, обезбедени од „Арс Ламина“ и „Литература.мк“.

Ова е втора година по ред како книжарницата „Литература.мк“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ го поддржуваат донаторскиот повик на „Проект Среќа“, под мотото дека „секое дете треба среќно да ја почне учебната година“. Пред неколку месеци, пак, заеднички ја збогатија и училишната библиотека на ПОУ „Златан Сремец“ – Скопје, со донација од над 50 книги и сликовници.

Минатата недела издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ подари библиотека на Дневниот центар за психосоцијална поддршка на децата заболени од малигни болести, „Собата на Жозеф“ во Детската клиника – Скопје, опремена по иницијатива на Здружението за борба против рак, „БОРКА – За секој нов ден“. цр/сд/12:06

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ