• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Денот на независносата одбележан во Крива Паланка

Денот на независносата одбележан во Крива Паланка

Крива Паланка, 8 септември 2018 (МИА) - Со полагање цвеќе на спомен-бистата на паднатите борци од Народноослободителната борба во Крива Паланка денеска беше одбележан Денот на независноста на Република Македонија-8 Септември.

Цвеќе положија амбасадорот на Кралството Шпанија во Македонија Лоренцо Емилио Сера, делегација од општина Крива Паланка предводена од градоначалникот Борјанчо Мицевски, делегации од Совет на општина Крива Паланка, советничките групи на СДСМ и коалицијата и ВМРО-ДПМНЕ при Советот на општината, Сојузот на борци од НОВ-Крива Паланка.

Цвеќе положија и претставници од Полициската станица од Крива Паланка, од Граничниот премин Деве Баир, како и делегации од воспитно-образовните институции, културните институции во градот, јавни претпријатија, политички партии, здруженија на пензионери, граѓани и останати организации.

Градоначалникот на Крива Паланка Мицевски рече дека во многуте крстопати низ историјата Македонија секогаш носела големи одлуки.

- Самата историја ни покажува дека во месеците август и септември сме донеле клучни одлуки, така беше во 1903, така беше во 1944, така и во 1991 година. Знам и убеден сум според оптимизмот кој се шири, не само во Крива Паланка, туку во цела Македонија, дека граѓаните на 30-ти септември ќе излезат и гордо ќе кажат „за“ перспективите на Македонија со најмоќните светски воени лидери и најмоќните економски лидери од ЕУ, рече Мицевски.

Тој упати благодарност до оваа генерација политички лидери кои, како што рече, покажале храброст, одлучност и непоколебливост на најпатриотски начин да им понудат на државата и граѓаните една сигурна, стабилна и перспективна иднина. ид/мд/10:33

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ