• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Денот на независноста одбележан во Гевгелија

Денот на независноста одбележан во Гевгелија

Гевгелија, 8 септември 2018 (МИА) - Со положување цвеќе пред Спомен-костурницата на паднатите борци од НОВ во Гевгелија денеска беше одбележан Денот на независноста - 8 Септември. 

Делегации на општина Гевгелија, Здружението на борците, претставници од политичките партии и здруженија на граѓани положија цвеќе и изразија почит кон сите оние што ги вградиле своите животи во темелите на нашата земја и кон генерациите кои придонеле за нејзината независност и развој.

- Единствена шанса за тоа е влезот во ЕУ и НАТО што ни го овозможува успешноста на претстојниот референдум и потпишувањето и ратификувањето на Договорот од Преспа. Затоа сме исправени пред историски предизвик еднаш за секогаш да го оствариме патот на нашата земја во евроатлантските организации. На тој начин ќе обезбедиме посигурна иднина за нас,за нашите деца и внуци, за идните поколенија, истакна градоначалникот Сашо Поцков на одбележувањето на Денот на независноста во Гевгелија. им/мд/12:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...