• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Денот на независноста одбележан во Куманово

Денот на независноста одбележан во Куманово

Куманово, 8 септември 2018 (МИА) - По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија денеска делегации од Собранието, АРМ, МВР, Здружението на борците, од општина Куманово, од Советот на општината, политички партии, претставници на граѓански здруженија, установи и институции положија цвеќе пред споменикот Жена борец на градскиот плоштад во Куманово.

На присутните им се обрати претседателот на Советот на општина Куманово Атина Мургашанска која се осврна на историскиот стремеж на макеоднскиот народ за самостојна и независна Македонија, потенцирајќи го референдумското изјаснување на граѓаните во 1991 година.

- Љубовта кон татковината е нашето вчера, денес и утре. Мерка за нашиот патриотизам се нашите дела, напорот за среќа и слобода на секој поединец и сите заедно, а не празни зборови во вакви или слични пригоди. Градиме еднакво општество за сите, во кој правдата и просперитетот се поеднакво достапни за секој. Вложуваме во иднина која значи напредок и подобар живот за нашите граѓани, рече Мургашанска.

Таа нагласи дека сега е шанса на Македонија да напише нова страница во својата историја.

Пред присутните се одржа и кратка уметничка програма во која учествуваа актерката Габриела Петрушевска и пејачот Марио Арангеловски. Денот на независноста општина Куманово го одбележува со културни и спортски манифестации. ам/мд/12:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...