• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Конференција „Шар Планина - треба ли да биде прогласена за Национален парк“

Конференција „Шар Планина - треба ли да биде прогласена за Национален парк“

Скопје, 9 септември 2018 (МИА) - Конференција на тема „Шар Планина - треба ли да биде прогласена за Национален парк“ ќе се одржи денеска во селото Доброште во општина Теарце, во организација на Балканскиот институт за регионална соработка. 

На конференцијата ќе се обрати министерот за животна средина и просторно Садула Дураки.

Предвидено е учесниците, претставници на релевантни институции и граѓанското општество, да разменат идеи и мислења за можноста Шара да го добие конечно долгоочекуваниот статус на Националниот парк, како и да се потенцираат и придобивките кои ќе ги имаат жителите на околните населени места.

На конференцијата ќе се прикаже документарниот филм, каде се прикажува моменталната ситуацијата на Шара, убавината на овој масив, но и последиците од немањето институционална заштита.

Конференцијата е дел од проектот „Подигнување на јавната свест за прогласување на Шар Планина за национален парк“, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, што го спроведуваат Niras од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Шведскиот институт за јавна администрација. рп/08:15

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...