• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Во Берово во тек кампањата за бесплатно чипирање на кучињата миленици

Во Берово во тек кампањата за бесплатно чипирање на кучињата миленици

Берово, 9 септември 2018 (МИА) - Во Берово официјално почна кампањата на Агенцијата за храна и ветеринарство за идентификација и регистрација на домашните миленици и во Берово.

Согласно кампањата, како што информираат од двете ветеринарни станици кои ќе бидат задолжени за нејзино спроведување, сопствениците на милениците ќе треба да платат 120 денари за пасош за домашен миленик што ќе можат да го употребат при патување надвор од државата.

- Во Берово сопствениците на кучињата ќе можат да ги чипираат своите миленици во двете ветеринарни станици Бе-Вет и Кировски-Вет. На републичко ниво се обезбедени 100.000 микрочипови кои ќе треба да се потрошат до 31 март 2019 година до кога трае кампањата, на принципот „прв дојден, прв услужен“. Затоа ги покануваме сите сопственици да побрзаат да ја извршат оваа обврска за својот миленик, велат од Кировски-вет.

Како што додаваат беровските ветеринари по завршувањето на кампањата, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе спроведе зајакнати контроли за да провери дали сопствениците извршиле регистрација на нивните домашни миленици. Доколку тоа не го направиле, тогаш сопственикот покрај казната, ќе го плати и самиот процес на микрочипирање.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека цел на кампањата е заштита и благосостојба на животните, придонес кон намалувањето на бројот на кучињата скитници, како и поттикнување на одговорното сопствеништво. вс/рп/09:57

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ