• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Едно лице загина, а четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш

Едно лице загина, а четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш

Штип, 9 септември 2018 (МИА) - Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на патот Штип-Радовиш во близина на клучката кај село Љуботен, во која 51-годишна виничанка им подлегнала на повредите, а четири лица се повредени.

Несреќата се случила во 19 часот и 35 минути меѓу патнички возила „Мерцедес“ со винички таблички и „Ауди“ со струмички регистерски таблички, кои се движеле во спротивни правци.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА информира дека во „Мерцедесот“ со телесни повреди се здобиле возачот 54- годишниот М.В и 29-годишниот В.В, додека сопатничката В.В со тешки телесни повреди е хоспитализирана во штипската Клиничка болница и покрај укажаната лекарската помош во 23:30 часот им подлегнала на повредите.

Во возилото „Ауди“ со тешки телесни повреди се здобил 38-годишниот возач Т.Б од Струмица, кој е пренесен на Клиниките во Скопје. Повреден бил и неговиот сопатник 49-годишниот Т.А. вдј/рп/10:25

 

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...