• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Објавен четвртиот број на публикацијата на ССНМ „Новинарството како јавно добро“

Објавен четвртиот број на публикацијата на ССНМ „Новинарството како јавно добро“

Скопје, 10 септември 2018 (МИА) - Објавен е четвртиот број на публикацијата на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) „Новинарството како јавно добро“.

Во овој број, покрај феноменот на „лажните вести“, обработена е и тема за новинарско образование.

Дел од публикацијата се  анализите „Образованието - заштитен панцир во битката со лажни вести“ на Христина Беловска и „Дали владите треба да ги субвенционираат информативните медиуми“ на Пол Клеменс  Мурсец објавен на Глобалната мрежа за истражувачко новинарство, интервјуто со долгогодишниот новинар, уредник и предавач на Институтот за комуникациски студии, Зоран Димитровски со налсов „Критичкиот дискуср најмногу недостига во образованието на новинарите. 

Може да се прочита текстот „Ботовите се дирелтна закана за новинарството - блог на Ана Сиу за Меѓународната новинарска мрежа во кој нуди низа алатки за откривање лажни профили на социјалните мрежи и истражувањето „Успешни медиуми ќе бидат оние кои ќе се откажат од новинарските догми на минатиот век“ изработено од  двајца дански новинари за иновации во новинарството и за предизвиците со кои се соочува професионалното новинарство

Публикацијата е достапна на линкот:
https://ssnm.org.mk/wp-content/uploads/2018/09/Publikacija_Novinarstvoto_kako_javno_dobro_SSNM_br_4_septemvri_2018.pdf

Публикацијата е дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост- Справување со лажните вести“ кој ССНМ го спроведува заедно со Македонски институт за медиуми - МИМ / Macedonian Institute for Media - MIM, Институт за комуникациски студии и Media Diversity Institute, а е поддржан од Европската Унија.лв/са/14:06

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ