• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Дебата: На унапредувањето на состојбата на Ромите треба уште да се работи

Дебата: На унапредувањето на состојбата на Ромите треба уште да се работи

Скопје, 11 септември 2018 (МИА) - Потребите и проблемите на Ромите во Македонија, нивната позиција во општеството и што согласно препораките треба да се направи за унапредување на нивната состојба се темите на јавната расправа „Ромското прашање и ЕУ интеграциите“ што денеска во Скопје го организира ромскиот интернет портал 24 Вакти.

- Со оваа дебата сакаме да покажеме дека во Македонија има Роми кои не се политчки активни или јавни функционери, а се интелектуалци, а можат да покажат некоја нова и да кажат повеќе за општествените проблеми на Ромите, рече Сали Мемед од 24 Вакти.  

Тој додаде овој интернет портал, со организирањето на ваквата дебата, која е прва од планираните, сакаат да покажат дека и без проекти може да се направи нешто во врска со ромското прашање и тоа да заживее подолго отколку проектните активностите кои завршуваат со неговото завршување. 

- Цел ни е Ромите конечно да се преиспитаат кај се, кои се и што се бидејќи досега политичките ромски лидери и функционери се зафатени со други работи, а не со ромското прашање, рече Мемет. 

Тој потенцира дека на прашањето за унапредувањето на состојбата на Ромите треба да се работи и во иднина и оти на тоа укажува и Европската унија во препораките во извештаите за Македонија. 

Ова е прва панел дискусија од серија дебати кои ќе следат во наредниот период самоорганизирани и со сопствени средства  кои претставува основа за подигнување на свеста и превземање на мерки за вклучување на ромската заедница во преговорите за европска интеграција поголема одговорност на самите институции. сст/скс/12:36

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ