Во гевгелискиот Црвен крст релативно задоволни од акцијата „Нахрани 10.000“

Во гевгелискиот Црвен крст релативно задоволни од акцијата „Нахрани 10.000“

Гевгелија, 12 септември 2018 (МИА) - Општинската организација на Црвениот крст од Гевгелија релативно е задоволна од одзивот на граѓаните од градот и постигнатите резултати во акцијата „Нахрани 10.000“, изјави денеска секретарот Димитар Вегов.

- Во првата акција собравме храна што е доволна да ја донираме на 25 социјални случаи од општината, но имајќи предвид дека секогаш може да биде подобро, се надевам дека наредниот месец одзивот во акцијата ќе биде уште поголем и очекувам во неа со донации да се вклучат и стопанските организации, пред се од преработувачката индустрија во општина Гевгелија, рече Вегов.

Целта на хуманитарната акција што ќе продолжи наредниот месец, на 16 октомври, е да се соберат 60 тони спакувана и конзервирана храна наспроти 12 тони кои беа собрани во 10 градови.

Според статистички податоци, во Македонија на годишно ниво се фрлаат 12.000 тони храна поради што нашата земја е рангирана на седмото или осмото место во светот по фрлање на вишок храна. им/см/14:10

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.