Тајфун ја погоди Кина, откажани 69 авионски летови

Пекинг, 16 септември 2014 (МИА) - Тајфунот Калмеги го погоди денеска кинескиот јужен остров Хајнан, поради што се откажани 69 меѓународни авионски летови, а околу 90.000 луѓе се евакуирани. 

Моментно тајфунот се движи во правец на северниот дел од Виетнам, а во текот на ноќта се очекува да го зафати виетнамското копно.

Бурата е проследена од ветрови кои се движат со брзина од 137 до 144 километри на час, соопшти Националниот метеоролошки центар.

Тајфунот Калмеги вчера ги погоди Филипините, предизвикувајќи поплави во кои загинаа најмалку две лица. гт/ссм/10:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...