• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Кинески воени авиони ја контролираат границата со Мјанмар

Кинески воени авиони ја контролираат границата со Мјанмар

Пекинг, 14 март 2015 (МИА) - По загинувањето на четворица и ранувањето на деветмина Кинези во јужната кинеска провинција Јунан, кои работејќи на плантажа со шеќерна трска настрадале од бомби по грешка исфрлени од мјанмарски воени авиони, Кина соопшти дека од денеска границата меѓу двете држави ќе ја надгледуваат и обезбедуваат авиони на кинеското Воено воздухопловство.

Кинеските авиони имаат задача да ги следат, предупредуваат и со употреба на сила да ги враќаат воените авиони на Мјанмар кои се доближуваат до кинескиот воздушен простор.

За презмените мерки се известени и властите на Мјанмар.

Инцидентот и жртвите на кинеска страна се последица на операциите што Военото воздухопловство на Мјанмар ги презема против бунтовниците од племето Коканг во провинцијата Шан, која се граничи со Кина.

Обновените воени судири започнаа во средината на минатиот месец, а за задушување на бунтот авијацијата на Мјанмар ангажираше авиони и хеликоптери. ма/сп/11:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.