Албанија очекува инвестиции од 920 милиони долари во енергетиката

Албанија очекува инвестиции од 920 милиони долари во енергетиката

Тирана, 16 мај 2015 (МИА) - Во следните пет години јавните инвестиции во енергетскиот сектор во Албанија ќе достигнат 920 милиони долари, јави дописникот на МИА.

- Од вкупно планираниот износ, 420 милиони долари ќе бидат вложени во енергетската инфраструктура, додека 500 милиони долари во секторот за производство на електрична енергија, соопшти албанскиот министер за енергетика,Дамијан Ѓикнури.

Тој очекува во наредниот период поголема ангажираност, како на странски, така и на домашни инвеститори, посебно во изградбата на хидроцентрали.

Инвестирањето во овој сектор тој го побарал и од турските бизнисмени кои заедно со претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган во средата прстојуваа во Албанија, оценувајќи при тоа дека туското искуство во ова област и е неопходно за Тирана, која располага со голем воден потенцијал за изградба на хидроцентрали.

Ердоган за време на посетата на Тирана предводеше делегација од 120 турски бизнисмени и најави зголемување на турските инвестиции.

Турција е четвртиот економски партнер на Албанија, а турските инвестиции во земјата достигнуваат речиси 2,7 милијарди американски долари. де/сп/08:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.