• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Раст на странските инвестиции во Албанија во вториот квартал

Раст на странските инвестиции во Албанија во вториот квартал

Тирана, 16 септември 2015 (МИА) - Директните странски инвестиции во Албанија во вториот квратла од годинава забележале раст од 36 отсто, достигнувајќи 198 милиони евра, наспроти 145 милиони евра во истот период лани.

Како што јави дописникот на МИА, последните податоци на Централна банка на Албанија  потврдуваат дека ова е второ тримесечие по ред во кое инвестициите на странските компании во албанската економија бележат силен раст.

Во целина во првите шест месеци од годинава странските инвестици се зголемиле за 31,5 отсто споредено со истиот период лани, односно се повисоки за 115 милиони евра.

Во аналитичкиот извештај на банката се наведува дека најголем прилив на средства во форма на директни инвестиции во Албанија долаѓа од нафтениот сектор. Податоците говорат дека во првата половина од годинава инвестициите во овој сектор се 226 милиони евра или 47 процент од вкупниот износ.

Веднаш потоа доаѓаат банкарскиот сектор и телекомуникациите, кои претставуваат 10, односно три проценти од странските инвестиции. вт/сп/19:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.