• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Извештај: 500 илјади бегалци нерегистрирани, азилантите од Балканот најбројни криминалци

Извештај: 500 илјади бегалци нерегистрирани, азилантите од Балканот најбројни криминалци

Берлин, 5 aприл 2016 (МИА) - Околу половина милион бегалци кои што влегле во Германија во последниве 18 месеци не се регистрирани во федералните или локалните институции, се вели во извештајот на Федералната криминалистичка полиција (БКА) кој што го пренесуваат германските медиуми.

Според анализите, лицата кои што не се регистрирани или работат на црниот пазар на работна сила или се инволвирани во криминалното подземје затоа што без соодветна регистрација тие немаат средства за преживување.

Оваа бројка е причината за состанокот што треба да се одржи утре во кабинетот на канцеларката Меркел на кој БКА ќе презентира извештај со наслов „Преглед на состојбата“.

„Многу мигранти не сакаат да се регистрираат поради страв дека можат да бидат вратени назад“, вели претставник на германската полиција за весникот „Билд“.

На состанокот во кабинетот на Меркел треба да се разговара и за криминалот направен од имигрантите. Според извештајот најголем број од кривичните дела се сторени од бегалци од Балканот. Бегалците од Сирија, Ирак и Авганистан едвај се споменуваат во криминалната статистика што ја водат германските власти. Според цитираниот извештај новогодишните настани во кои сексуално биле нападнати стотици жени биле предизвикани од луѓе од Северна Африка но инцидентите не се организиран криминал туку се предизвикани од алкохол и „културни разлики“. гм/нд/14:19

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...