• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Пад на странските инвестиции во Албанија во првиот квартал за 42 отсто

Пад на странските инвестиции во Албанија во првиот квартал за 42 отсто

Тирана, 13 јуни 2016 (МИА) - Директните странски инвестиции во Албанија во првите три месеци од годинава бележат намалување споредено со истиот период лани за109 милиони евра, односно за 42 отсто, јави дописникот на МИА.

Официјалните порадоци на Централна банка на Албанија покажуваат дека во приодот јануари-март 2016 година, странските компании во абанската економија инвестирале 152,2 милиони евра, наспроти 261,2 милиони евра во истиот квартал лани.

Падот на стрнските инвестиции се поврзува и со неповолните случувања на странските пазари на нафта и минерали.

- Во периодот 2013-2014 година над 60 насто од странските инвестиции во земјата биле во активностите на ископот на нафта и минерали. Но, последните две години цената на нафтата и минералите на глобалниот пазар паднаа на најниско ниво што влијае и на намалувањето на инвестициите, оценува банката.

Речиси сите странски компании кои произведуваа нафта во земјата за повеќепати го намалиле инвестицискиот буџет пад, кој, според Централна банка на Албанија, не можело да се компензира од приливот на капитал во другите сектори на економијата.

Директните странски инвестиции во оваа земја достигнаа кулминација во 2013 година, кога странски компании во албанската економија инвестирале дури 944,7 милиони евра.

Во 2014, тие паднале на 869 милиони, додека лани забележале благ пораст и достигнале 881 милион евра. вт/сп/07:21

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...