• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Германија е за безвизен режим на ЕУ со Грузија

Германија е за безвизен режим на ЕУ со Грузија

Берлин, 15 јуни 2016 (МИА) - Германија ја поддржува иницијативата за безвизен режим за грузиските граѓани коишто сакаат да патуваат во Европската унија, изјави денеска во Берлин канцеларката Ангела Меркел, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Според канцеларката, Германија ќе побара консултации со цел прашањето за безвизен режим со Грузија да започне што е можно побрзо да се решава.

- Германија нема да се противи на одлуката на Европската комисија, изјави Меркел во Берлин по средбата со грузискиот премиер Гиорги Квирикашвили, кој се наоѓа во посета на Германија.

Во врска со поканата од Тбилиси Меркел да ја посети Грузија, канцеларката одговори дека ќе размисли за поканата но дека Германија се соочува со низа внатрешно политички прашања.

Договорот за асоцијација со ЕУ Грзуија го потпиша во јуни 2014 година а годинава во март ЕК предложи безвизен режим за грузиските граѓани. гм/ссм/18:31

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.