Виза за иднината

Виза за иднината

14 јуни 2017

Глас Српске - Бања Лука

Многу луѓе кои сакаат да ја напуштат БиХ и да одат да работат во Германија, која бара илјадници работници од земјите на западен Балкан, ќе мораат да бидат трпеливи, бидејќи Змбасадата на оваа држава во БиХ е затрупана со барања за виза.

Се почна минатата година кога на државјаните на земјите од западен Балкан им беше олеснето вработувањето во Германија.

На тој начин во германските амбасади е намален бројот на барањата за азил, но драстично е зголемен бројот на барањата за виза, па граѓаните со недели чекаат само на термин, наспроти кадровското засилување во визното одделение.

Тие чекања предизвикаа паника и незадоволство, најмногу меѓу граѓаните кои веќе договориле работа со германски работодавци. Очекувале дека брзо ќе го добијат тој документ, кој често на шега го нарекуваат „виза за иднината” и ќе можат да почнат да работат во Германија.

Како што стојат работите, на тоа ќе мораат да почекаат некое време, а нивната конечна судбина зависи од германските работодавци, кои секој момент можат да го раскинат договорот, од кое државјаните на БиХ најмногу се плашат.

Долгите чекања на виза, од друга страна, не треба да ги плашат медицинарите кои работа во Германија барале преку Агенцијата за вработување на БиХ која има договор со тамошната агенција. Тие на време се обратиле до амбасадата и добиле постојан термин за своите клиенти.

За жал, оваа состојба покажа и дека имаме голем проблем кој може да стане уште поголем. Бидејќи во последните години илјадници граѓани на БиХ отидоа да работат во Германија, Словенија и други земји, а меѓу нив најмногу се медицински и градежни работници.

Факт е дека бројот на луѓето кои исто така сакаат да заминат е толкав што само за термин за поднесување на барање за виза во Амбасадата на Германија се чека подолго и од еден месец, а тоа покажува дека бројот на тие кои ќе ја побараат среќата „надвор” ќе биде далеку поголем.

Германија во следните пет години треба да издаде дозволи за 20.000 работници од БиХ, Србија, Косово, Црна Гора, Македонија и Албанија, а фактот дека главно бараат работници од областа на медицината, ИТ секторот и други експерти, треба и тоа како да не загрижи. Бидејќи секој кој ги исполнува условите, секако ќе отиде таму каде што има подобра плата и услови за живот кои му се понудени „на тацна”.

Затоа навалицата за визи е всушност аларм за надлежните, кои треба да реагираат ако сакаат да ги задржат квалитетните работници. вз/сп/13:43

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.