Њујорк, американскиот град со најскапите цигари

Њујорк, американскиот град со најскапите цигари

Њујорк, 29 август 2017 (МИА) - Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио потпиша закон со којшто минималната цена за кутија цигари во градот се покачува од сегашните 10,5 на 13 долари, јави „Ју-Ес-Еј Тудеј“.

Се намалува и бројот на местата каде што ќе може да се купат цигари. Во новата цена е вклучен и данокот. Така, Њујорк станува градот каде што може да се купат најскапите цигари во САД.

Целта, како што соопштуваат локалните ввласти, е да се намали бројот на пушачи, кои моментно бројат околу 900.000. Во Њујорк живеат околу 8,5 милиони луѓе.

Противниците на новите мерки сметаат дека покачувањето на цените ќе натера многу пушачи да купуват цигари на црно - без бандероли и неоданочени.  си/ссм/08:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Тинејџерка преживеала 49 дена на отворено море пиејќи цедена морска вода

Индонезиска тинејџерка минала 49 дена на отворено ...

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...