• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Илон Маск побара помош од Трамп за да отвори фабрики во Кина

Илон Маск побара помош од Трамп за да отвори фабрики во Кина

Сан Франциско, 9 март 2018 (МИА) - Сопственикот на Тесла Илон Маск се обрати до американскиот претседател Доналд Трамп со барање да обрне внимание на нефер трговската пракса на Кина во областа на автомобилската индустрија. Повикот доаѓа во време кога Трамп почна да воведува царини за увозот на метали во САД, што ја отвори опасноста од глобална трговска војна.

- Општо земено јас сум против воведување царини, но според сегашните правила, работите се многу тешки за нас. Се чувствуваме како да се натпреваруваме во олимписка трка, а мораме да носиме оловни чевли, напиша Маск во порака упатена до Трамп.

Неговата компанија досега повеќе пати се жалеше на односот на кинеските власти кон странските инвеститори, велејќи дека не може да добие дозвола за отворање на фабрика во Кина. Според кинеските правила, секоја странска автомобилска компанија што сака да инвестира во Кина мора да се согласи барем половина од нејзината фабрика да биде во сопственост на кинески компании.

- Од друга страна, во САД има компании кои се во целосна кинеска сопственост кои смеат да произведуваат електрични возила, одаде Маск.

Трамп возврати на апелот на Маск и цитираше еден од неговите оментари при потпишувањето на одлуката за воведување царини за увозот на челик и алуминиум во САД.

- Ги менуваме работите. Се што сакаме е фер третман, изјави Трамп.  цч/14:04

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.