• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Норвешкиот фонд гласаше против предлогот Илон Маск да добие 2,6 милијарди долари од Тесла

Норвешкиот фонд гласаше против предлогот Илон Маск да добие 2,6 милијарди долари од Тесла

Осло, 22 март 2018 (МИА) - Резервниот фонд на норвешката држава, кој управува со трилион долари богатство од продажбата на норвешката нафта, го одби предлогот основачот на компанијата Тесла Илон Маск да добие надомест од 2,6 милијарди долари.

Норвешкиот фонд поседува 0,48 проценти од акциите на Тесла, вредни 252,5 милиони долари. Мнозинството сопственици на акции во Тесла го одобрија барањето на Маск да добие пакет од акции и финансиски надомест вкупно вредни 2,6 милијарди долари. Норвешката компанија подолго време се залага за намалување на платите кои ги добиваат врвните менаџери во компаниите каде што инвестира, и се претпоставува дека тоа е причината што гласале против пакетот на Маск. Компанијата не даде официјално објаснување за потегот. цч/12:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.