• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Ле Мер: Уште неколку денови за да се избегне трговска војна

Ле Мер: Уште неколку денови за да се избегне трговска војна

Вислер, 3 јуни 2018 (МИА) – САД  имаат само неколку  дена да избегнат трговска војна со своите сојузници и на Вашингтон е да направи потег со цел деескалација на тензиите што се појавија по воведувањето американски царини за увоз на челик и на алуминиум од ЕУ, Канада и Мексико, изјави францускиот министер за  економија Бруно ле Мер.

По состанокот со министрите за финансии на Г7 во местото Вислер во канадската провинција Британска Колумбија, тој изјави дека ЕУ има намера да преземе контрамерки поради новите тарифи на САД.

– Се уште имаме неколку денови да преземеме неопходни чекори да избегнеме трговска војна меѓу ЕУ и САД односно трговска војна меѓу членките на Г7, изјави Ле Мер.

Тој додаде дека сега „топката е кај САД“  и од американската администрација зависи дали ќе донесе вистински одлуки за да се подобри ситуацијата и да се избегнат проблеми. зш/08:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...