• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Кина: Ако САД воведат трговски санкции договорите веќе нема да важат

Кина: Ако САД воведат трговски санкции договорите веќе нема да важат

Пекинг, 3 јуни 2018 (МИА) – Доколку САД  воведат трговски санкции за Кина, вклучително и зголемени царини за челик и за алуминиум, ниту еден трговски договор постигнат меѓу двете држави нема веќе да важи, соопшти официјален Пекинг.

Соопштението е објавено по разговори на кинескиот вицепремиер Ли Хе и американскиот министер за трговија Вилбур Рос.

Кина соопшти дека двете страни постигнале „позитивен и конкретен напредок“, но засега нема детали од разговорите. зш/10:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ