• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Поради дефекти во моделите ЦР-В и Сивик, Хонда со сериозни проблеми во продажбата во Кина

Поради дефекти во моделите ЦР-В и Сивик, Хонда со сериозни проблеми во продажбата во Кина

Токио, 4 јуни 2018 (МИА) - Продажбата на Хонда возила во Кина забележа пад во четврти последователен месец, поради критиките за квалитетот на прозиводите на јапонската компанија.

Во мај Хонда продала 99.263 возила во Кина, што претставува пад од дури 15,3 проценти. Вкупната продажба за првите пет месеци на годината, од 501.000 возила, е за 6,5 проценти помалку во споредба со истиот период минатата година.

Главен проблем во продажбата на Хонда возила во Кина се проблемите со моделот ЦР-В. Од март до крајот на мај Хонда престана да го продава популарниот кросовер модел во Кина, откако кинеските власти побараа да бидат отстранети дефекти во 350.000 возила. Регулаторниот спор меѓу Кина и Хонда се закануваше да се прошири и на моделот Сивик. Хонда вели дека дефектот е отстранет и не постои потреба од натамошни тензии со кинеските власти, но продажбата се уште е на исклучително ниско ниво. цч/10:39

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.