• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Баер ќе го „пензионира“ името Монсанто

Баер ќе го „пензионира“ името Монсанто

Франкфурт, 4 јуни 2018 (МИА) - Германски Баер најави дека по преземањето на Монсанто, ќе престане да го употребува името на американскиот производител на земјоделски семиња и хербициди.

Зделката вредна 63 милијарди долари треба да се комплетира во текот на неделава, откако претходно ја одобрија регулаторните тела на САД и на Европската Унија. Монсанто има традиција од над 100 години, но Баер сепак сака да го пензионира името, имајќи предвид дека тоа во изминатите години стана синоним за генетски модификувани земјоделски производи. цч/12:32

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.