Нафтата падна поради зголеменото американско производство, плановите на ОПЕК

Нафтата падна поради зголеменото американско производство, плановите на ОПЕК

Хјустон, 4 јуни 2018 (МИА) - Цената на нафтата забележа пад при отворањето на неделното тргување денеска, и покрај наближувањето на летото со вообичаено повисоката побарувачка во овој период. Брент нафтата се продава за 75,53 долари за барел, што претставува пад од 1,26 долари, додека лесната сурова американска нафта се продава за 65,41 долар за барел - пад од 40 центи.

Причина за падот на цената на нафтата е растечкото производство во САД, кои се етаблираа во светска нафтена велесила, но и најавата од ОПЕК дека ќе го зголемат производството на нафта. Во март, САД дневно произведувале 10,47 милиони барели нафта, што е нов месечен рекорд, а во осум од изминатите девет недели, американските нафтени компании најавувале почеток на експлоатација на нови извори на нафта.

Од друга страна, во текот на викендот министрите за нафта на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Алжир, како и Оман, кој не е членка на ОПЕК, договорија да го зголемат производството, и да ја соборат цената на нафтата, која порасна поради тензиите со Иран и во Венецуела.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...