• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Мајкрософт ќе ја купи платформата ГитХаб

Мајкрософт ќе ја купи платформата ГитХаб

Њујорк, 4 јуни 2018 (МИА) - Софтверскиот гигант Мајкрософт ќе ја купи платформата ГитХаб на која програмерите се собираат за да постават програмски кодови и да ги прегледаат. 

ГитХаб е основана во Сан Франциско во 2008 година, а од 2012 година, по првата странска инвестиција, почна драстично да расте.

Сега има околу 27 милиони програмери од целиот свет кои ја користат таа платформа за размена на кодови и идеи.

Мајкрософт денеска соопшти дека очекува до крајот на годината да склучат договор според кој треба да платат 7,5 милијарди долари во акции. паг/17:58

###




Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.