Етиопија најави продажба на државниот телеком и авиокомпанија

Етиопија најави продажба на државниот телеком и авиокомпанија

Адис Абеба, 6 јуни 2018 (МИА) - Етиопија најави дека ќе продаде некои од најголемите компании во државна сопственост, меѓу кои и телекомуникациската компанија Етио Телеком и Етипската Авиокомпанија.

И покрај државната контрола врз најголем дел на економијата, како и серијата суши и безредија, Етиопија сепак расте со проектирано темпо од 8 проценти во 2018 година, со што се создава интерес за влез на странски компании. Јужноафриканската телеком компанија МТН отвори свое претставништво во Адис Абеба, и се очекува да учествува во приватизацијата на Етио Телеком.

Социјалистичката држава претходно приватизираше некои од помалите индустриски гранки, како што се тутунската и пивската индустрија, како и дел од рударските капацитети. цч/13:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ