• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Турската Централна банка ја зголеми основната каматна стапка

Турската Централна банка ја зголеми основната каматна стапка

Истанбул, 7 јуни 2018 (МИА) - Турската Цетрална банка ја зголеми основната каматна стапка на 17,75 отсто од 16,5 отсто, што претставува второ покачување по драстичниот пад на лирата. 

По одлуката, лирата поврати 1,82 проценти во однос на доларот, до вредност од 4,47 лири за долар. 

Банката соопшти дека затегнувањата во однос на монетраната политика ќе продолжат се додека не биде забележано значително подобрување во однос на инфлацијата. 

Одлуката за зголемување на каматната стапка доаѓа за помалку од три недели од одржувањето на претседателските и парламентарните избори во Турција.

Како што јави МИА, минатиот месец турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека има намера да извршува поголема контрола врз економската политика, доколку победи на изборите, што предивизика загриженост за поголема политичка контрола врз Централната банка. см/ 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...