• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

„Романија либера“: Околу 3,5 отсто Романци ја напуштија земјата, а останатите се подготвуваат да заминат

„Романија либера“: Околу 3,5 отсто Романци ја напуштија земјата, а останатите се подготвуваат да заминат

Букурешт, 7 јуни 2018 (МИА) - Романија се соочува со најголемата криза на работна сила од 1990 година, а експертите тврдат дека тој дефицит е пострашен од финансиската криза во земјата, пишува денеска романскиот весник „Романија либера“. 

Официјалните податоци покажуваат дека 3,5 милиони Романци заминале во странство со цел да го подобрат нивниот живот. 

Голем број од работодавците кои во изминатите десет години им даваа на вработените најниски плати, сега се подготвени да платат многу повеќе, но немаат на кого, коментира весникот. 

Експертите тврдат дека сегашната криза за работна сила е само почеток, а заминувањето на Романците во странство продолжува со алармантна брзина. 

Истовремено, податоците покажуваат дека Романците кои работат во странство, испратиле во Романија околу 55 милијарди евра во текот на изминатата деценија. см/ 17:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Се вљубил на прв поглед, му го дала бројот, а потоа му го украле телефонот

Британецот Ден Милингтон на Ибица запознал девојка...

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...