• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Зголеменото производство во САД и Русија ја намали цената на нафтата

Зголеменото производство во САД и Русија ја намали цената на нафтата

Хјустон, 11 јуни 2018 (МИА) - Цените на нафтата на светските берзи денеска се намалија за 15 центи за барел брент нафта, кој сега се продава за 76,31 долар.

Главни фактори зад намалувањето на цените на нафтата се растечкото производство во САД, која веќе произведува рекордни 10,8 милиони барели нафта дневно, како и во Русија.

Од друга страна, политичката и економската криза во Венецуела и неизвеснота околу околу иранскиот нуклеарен договор спречуваат поголем пад на цената на црното злато, кое поскапе во текот на годинава поради намалувањето на производството во земјите на групацијата ОПЕК. цч/12:24

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.