• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Дајмлер обвинет дека ги фалсификува тестовите за испуштање штетни гасови

Дајмлер обвинет дека ги фалсификува тестовите за испуштање штетни гасови

Франкфурт, 11 јуни 2018 (МИА) - Вредноста на акциите на германската автомобилска компанија Дајмлер паднаа за 1,76 проценти денеска, откако весникот „Билд ам Зонтаг“ објави дека околу милион возила на оваа компанија имале софтвер кој ги фалсификува резултатите од испитувањата на издувните гасови.

Директорот на Дајмлер, Дитер Зече, денеска ќе има средба во Министерството за транспорт на Германија, да разговара за најновиот ваков скандал што погоди германска компанија. Претходно Фолксваген беше казнет 30 милијарди долари откако американски истражувачи открија дека возилата имаат софтвер кој го менува режимот на работа на моторот додека се врши испитување со кое се утврдува колку штетни гасови се испуштаат во атмосферата. Дајмлер е водечки светски производител на камиони, а е најдобро познат по брендот Мерцедес. цч/13:04

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...