• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

ККР ќе ја купи медицинската компанија Енвижн за 9,9 милијарди долари

ККР ќе ја купи медицинската компанија Енвижн за 9,9 милијарди долари

Нешвил, 11 јуни 2018 (МИА) - Американскиот инвестициски фонд ККР ќе ја купи компанијата за медицински услуги Енвижн хелткеа  (Envision Healthcare Corp) за околу 9,9 милијарди долари.

ККР, кој е присутен и во регионот на Западен Балкан, ќе плати 46 долари по акција според договорот кој би требало да биде склучен во четвртото тримесечие.

Вкупната цена ги опфаќа и долговите на компанијата.

Енвижн, со седиште во Нешвил, претходно најави дека ќе ги преиспита своите можности, а денеска соопшти дека управниот одбор и финансиските советници ја разгледале продажбата и можноста за самостојно делување. Притоа, оценето е дека договорот со ККР е најдобрата можност за максимизирање на вредноста на акционерите.

Енвижн дава медицински услуги во одделенија за итна помош, анестезиологија и радиологија. Поседува повеќе од 250 хируршки центри и болници. паг/




Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...