Во Црна Гора продадени луксузни станови за биткоини

Во Црна Гора продадени луксузни станови за биткоини

Будва, 11 јуни 2018 (МИА) - Компаниите АМИА и Стратекс Груп продадоа три од своите луксузни станови во Завала и во деловно-станбениот комплекс „Дукли резиденс“ во близина на Стариот град за вкупно 420 биткоини, што е прва голема трговија со недвижности во дигитална валута не само во Црна Гора, туку и во Европа.

Како што пишува „Вјести“, во договорите за недвижностите како вредност е наведен износ од 2,5 милиони евра, што во овој случај претставува даночна основица.

Стратекс груп кон крајот на минатата година најави дека ја прифаќа дигиталната валута како валидно средство за плаќање со кое може да се купат недвижности, но и да се плаќаат услуги во нивните хотели и ресторани. паг/17:36

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...