• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

„Лидл“ отвори логистички центар во Србија

„Лидл“ отвори логистички центар во Србија

Белград, 12 јуни 2018 (МИА) - Во Нова Пазова денеска е отворен логистички центар на компанијта „Лидл“. Претставници на германскиот трговски ланец најавија дека до крајот на годинава ќе отворат дваесетина продавници во Србија, за што е објавен конкурс за вработување околу илјада продавачи.

Во центарот во Нова Пазова, со површина од 45.000 метри квадратни, работат 180 луѓе.

Логистичкиот центар е отворен во присуство на претседателот Александар Вучиќ, министерот за трговија Расим Љајиќ, претседателот на покраинската влада Игор Мировиќ и германскиот амбасадор Аксел Дитман.

Генералниот директор на компанијата „Лидл Србија“, Томислав Шапина рече дека целта на „Лидл“ е во Србија, како и во другите земји, да се понуди свежа и квалитетна стока по најповолни цени.

- Нудиме и добри работни услови и соодветен надомест во пријатна атмосфера, рече Шапина.

Вучиќ посочи дека „Лидл“ во логистичкиот центар во Нова Пазова инвестира 55 милиони евра. паг/18:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ