Тојота ќе вложи милијарда долари во такси компанијата Граб

Тојота ќе вложи милијарда долари во такси компанијата Граб

Токио, 13 јуни 2018 (МИА) - Јапонскиот производител на автомобили Тојота најави дека ќе инвестира милијарда долари во интернет-такси компанијата Граб, која е една од најголемите компании од тој вид во Југоисточна Азија.

Вредноста на Граб се проценува на 10 милијарди долари. Тојота не е прва автомобилска компанија која инвестира во новоформираните такси компании како Граб. Џенерал Моторс поседува дел од Лифт, а Тојота веќе има соработка со Убер. Се очекува дел од соработката меѓу Тојота и Граб да биде насочена за развој на самоуправувачки возила и други мерки кои ќе ги намалат трошоците во такси превозот. цч/14:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...