• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Унилевер ќе се повлече од лондонскиот берзански индекс

Унилевер ќе се повлече од лондонскиот берзански индекс

Лондон, 14 јуни 2018 (МИА) - Холандско-британската компанија Унилевер соопшти дека скоро сигурно нема да остане на лондонскиот берзански индекс ФТСЕ откако ќе го премести своето седиште во Холандија.

Унилевер беше базирана во Лондон и во Ротердам, но планира во иднина да биде лоцирана првенствено во Холандија. Со тоа, компанијата ќе се повлече и од берзанскиот индекс во Лондон, рече финансискиот директор на Унилевер Греем Питкети, кој ги водел разговорите со индекс компанијата ФТСЕ Расел.

- Ние и во иднина ќе бидеме присутни на лондонската берза, и се надеваме дека инвеститорите кои се погодени од овој чекор ќе имаат доволно флексибилност во своите акционерски портфолиа за да можат и понатаму да тргуваат со акции на Унилевер, додаде Питкети. цч/13:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ