Гугл ќе инвестира во кинескиот интернет трговски сајт JD.com

Гугл ќе инвестира во кинескиот интернет трговски сајт JD.com

Пекинг, 18 јуни 2018 (МИА) - Гугл најави дека ќе вложи 500 милиони долари во кинеската компанија за интернет трговија JP.com, со што се очекува дополнително да се вжешти судирот меѓу гигантите како Амазон и Алибаба за азискиот интернет пазар.

JD.com е во сопственост на кинеската социјална медиумска група Тенсенет и американскиот синџир на супермаркети Волмарт. Нивната соработка со Гугл ќе значи поголема застапеност на производите што ги нуди JD.com на платформите на Гугл. Во глобална рамка, се очекува овој договор дополнително да ја искристализира поделбата на интернет пазарот меѓу трите најголеми играчи - Амазон, Алибаба и Гугл/Волмарт. цч/18:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.