Турција планира да гради и трета нуклеарна централа

Турција планира да гради и трета нуклеарна централа

Анкара, 19 јуни 2018 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави дека Турција планира да изгради и трета нуклеарна централа.

Во Турција веќе се гради нуклеарната централа „Аккуји“, а во тек е реализација на проектот за изградба и на нуклеарката „Синоп“.

- Нема да се ограничиме само на проектот за нуклеарната централа „Аккуји“. Ќе изградиме и трета нуклеарна централа. Нуклеарната централа „Аккуји“ ќе може да покрие 10 проценти од нашите потреби за енергија. Откако ќе биде пуштена во употреба и нуклеарната централа „Синоп“, ќе можеме да задоволиме уште поголем дел од нашите потреби за енергија, изјави Ердоган.

Како што јави Анадолија, турскиот претседател нагласи дека Турција планира да гради нуклеарки и со сопствени потенцијали.   

Нуклеарката „Аккуји“, која ќе се наоѓа на брегот на Средозменото Море во близина на градот Мерсин, ја гради руската државна компанија „Росатом“, Таа ќе има четири блока со моќност од по 1.200 мегавати.

Предвидено е првиот блок на „Аккуји“ да почне со производство на електрична енергија во 2023 година, а останатите блокови треба да бидат пуштани во употреба секоја наредна година.   

За изградба на втората нуклеарка „Синоп“, која ќе се наоѓа на брегот на Црното Море, Турција веќе потпиша протокол со јапонската Влада. сп/10:06

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.