Маск најави отворање на „гигафабрика“ во Германија

Маск најави отворање на „гигафабрика“ во Германија

Сан Франциско, 20 јуни 2018 (МИА) - Директорот на Тесла Елон Маск најави дека Германија е водечки кандидат за отворање на првата „гигафабрика“ во Европа.

- Веројатно најлогичен избор е некаде на германско-француската граница, во близина на државите од Бенелукс, напиша Маск на Твитер.

Тесла има помала фабрика во Германија, во близина на границата со Белгија, каде изработува машински системи потребни за идната планирана огромна фабрика за батерии. Гигафабриката, која Маск ја гради во американската сојузна држава Невада, треба да произведува батерии за автомобилите на Тесла, но и батерии за домашна употреба, во кои ќе може да се складира енергија доволна да се напојува домот одредено време. Според развојните планови на Тесла, компанијата ќе отвори вкупно четири „гигафабрики“. цч/17:36

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...