Кина најави давачки за американскиот јаглен

Кина најави давачки за американскиот јаглен

Пекинг, 21 јуни 2018 (МИА) - Кинеските власти го ставија јагленот на листата од над 600 производи на кои се очекува да воведат повисоки давачки, како одговор на американските давачки за челик и алуминиум.

Кина не увезува големо количество јаглен од САД, претпочитајќи ги поблиските австралиски јагленокопи, но во разговорите меѓу Доналд Трамп и кинеските власти јагленот беше најавуван како продукт со чие купување Кина би можела подобро да ја избалансира трговијата меѓу двете земји. Неколку бродови, натоварени со повеќе стотици илјади тони јаглен од Вирџинија, се на пат кон Кина, но кинеските трговци велат дека не можат да најдат купувачи поради очекуваните нови давачки.

Во 2017 година Кина купила 6,12 милиони тони јаглен, од кои 8,5 проценти биле купени од американски производители. цч/14:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...