• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Мерцедес стравува за извозот на американски теренци во Кина

Мерцедес стравува за извозот на американски теренци во Кина

Франкфурт, 21 јуни 2018 (МИА) - Германскиот производител на луксузни автомобили и камиони Дајмлер денеска предупреди дека трговските тензии меѓу САД и Европската Унија почнале да се одразуваат на продажбата на автомобилите Мерцедес и другите нивни брендови.

Компанијата најави дека ќе ги ревидира своите проценки за продажбата за 2018 година, откако трговскиот спор го доведе во прашање извозот на возила Мерцедес произведени за кинескиот пазар во фабриката на Дајмлер во американската сојузна држава Алабама. Европската Унија планира од утре да воведе давачки од 25 проценти на низа американски производи кои се извезуваат во Европската Унија, а Кина најави воведување давачки на неколку стотици американски производи. Дајмлер стравува дека кинеските давачки за Мерцедес теренците произведени во САД може да ја чинат компанијата над 250 милиони евра. цч/14:27

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.