• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Постигнат договор за грчкиот долг

Постигнат договор за грчкиот долг

Луксембург, 22 јуни 2018 (МИА) - Министрите за финансии на евро зоната се договорија за условите за излегување на Грција од третата спасувачка програма.

- Имаме договор со Грција, изјави синоќа неименуван европски претставник по шестчасовната средба во Луксембург на министрите за финансии од евро зоната.

Согласно договорот европските кредитори ќе и доделат на Грција 15 милиони евра од последната транша и ќе го продолжат рокот за враќање на дел од кредитите до 10 години.

Пакетот што означува крај на третата програма за спас на Грција има за цел да гарантира дека долгот на земјата е одржлив и дека Атина нема да се откаже од реформите.

По излегувањето програмата Грција ќе биде под стрикно европско набљудување, и под многу поголема контрола од што беа Португалија, Кипар и Ирска.

За осум години Грција доби над 273 милијарди евра помош од кредиторите, евро зоната и Меѓународниот монетарен фонд во рамките на трите програми за спас. 

Бруто домашниот произвор во Грција минатата година забележа раст од 1,4 проценти, а за годинава се предвидува раст од 1,9 отсто, додека за следната - 2,3. Во исто време Грција бележи и суфицит во буџутот од 0,8 проценти откако во 2009 година имаше дефицит од 15,1 отсто.

- Договорот за крај на сегашната програма за спас на Грција е историски момент, истакна еврокомесарот за економија Пјер Московиси.

Грчкиот министер за финансии Евкладис Цакалатос истакна дека е задоволен од договорот со кој се става крај на осумгодишното штедење и реформи. ми/07:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...