Голем пораст на непродадени станови во Менхетн

Голем пораст на непродадени станови во Менхетн

Њујорк, 25 јуни 2018 (МИА) - Бројот на станови кои се нудат на продажба во Менхетн пораснал за 17 проценти во мај 2018 година во споредба со мај 2017 година, што е најголем пораст во изминатите осум години. Најголем број на новопонудени, а непродадени станови има на горниот источен дел на метрополата, каде порастот изнесува 20 проценти.

Летниот период вообичаено води до најголем интерес за купување нови станови, но оваа година е исклучок, со големиот пораст на непродадени станови. Од другата страна на реката, во Бруклин, порастот изнесува 23 проценти, додека во соседниот Квинс има дури за 43 проценти повеќе непродадени станови и куќи. цч/17:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...