Штрајк во Аргентина против реформите на претседателот Макри

Штрајк во Аргентина против реформите на претседателот Макри

Буенос Аирес, 25 јуни 2018 (МИА) - Најголемиот синдикат во Аргентина денеска предизвика масовен штрајк кој ја парализираше јужноамериканската држава.

Штрајкот се одржа во знак на протест против реформите што ги најави десничарскиот претседател Маурисио Макри. Работниците во Розарио го блокираа извозот на пратките жито и други земјоделски производи од Аргентина, додека штрајкот на вработените во банките и во берзата го блокираше финансискиот пазар. Штрајкот доаѓа во време кога Аргентина го почна реализирањето на новиот договор со Меѓународниот монетарен фонд, а валутата пезо почна да се стабилизира. цч/18:24

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...