• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Иран забрани увоз на 1.300 производи за да го стабилизира ријалот

Иран забрани увоз на 1.300 производи за да го стабилизира ријалот

Техеран, 25 јуни 2018 (МИА) - Иран воведе забрана за увоз на над 1.300 производи, со цел да ја заштити економијата од најавените нови санкции на САД, и да спречи натамошно паѓање на својата валута - ријалот.

Меѓу производите што се забранети за увоз се голем број електрични уреди, текстилни и кожни производи, странски мебел и лекови, како и некои машини. Целта на иранските власти е да го намалат одлевањето на странската валута надвор од земјата, и на тој начин да го стабилизираат курсот на ријалот. На црниот пазар, еден долар се продава за 90.000 ријали, додека во средината на минатата недела, курсот изнесуваше 75.500, додека пред една година беше околу 40.000 ријали за еден долар.

Санкциите што ги најави американскиот претседател Доналд Трамп може да се одразат на главниот ирански извор на странска валута - извозот на нафта - кој беше олеснет во изминатите години откако претходната американска администрација, Русија, Кина и водечките европски држави постигнаа договор со Иран за запирање на нивната нуклеарна програма. цч/18:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...